Историскиот бугарски град Несебар, бисерот на Црното Море
Градот Несебар е поврзан со Бургаз и се состои од стар дел (сместен на остров) и нов дел на градот

Nesebar
НЕСЕБАР (АА) - Во градот Несебар, којшто се наоѓа во источниот дел на Бугарија, покрај источниот брег на Црното Море, во секое време може да се искуси и модерниот живот и историјата.
Градот Несебар е поврзан со Бургаз и се состои од стар дел (сместен на остров) и нов дел на градот. Тој има историја од 3 илјади и 200 години и е единственото место што од 1983 година се наоѓа под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство.
Островот има околу 15 илјади жители и површина од 32 илјади квадрати метри. Во делот што се нарекува Нов Несебар се наоѓат луксузни хотели, развиена инфраструктура, јахти и најпознатата плажа, „Сани бич“.
Делот што се нарекува Стар Несебар го претставува историскиот дел на градот, сместен на остров, кој годишно го посетуваат повеќе од 500 илјади туристи.
„Бисерот на Црното Море“, Несебар, покрај тоа што е место што привлекува најмногу туристи во Бугарија, исто така има и посебни вредности, поради фактот што тука се наоѓаат многу историски траги од архитектурата во делата направени од ќерамика и делкан камен, изградени од страна на Тракијците, Византијците, Прото-Бугарите, Словените и Романите.
Денес во Стариот Несебар се наоѓаат 26 цркви, но во ова место низ историјата имало повеќе од 40 цркви и храмови коишто им припаѓале на народите што живееле тука.
Еден дел од црквите сѐ уште се отворени за молитва, додека еден дел се трансформирани во музеи и галерии на уметноста.
Поради дрвените куќи, хотелите, рестораните, неасфалтираните тесни улици, историските дела и поради тоа што е крајбрежен град, Несебар е домаќин и на галебите. Стариот дел од градот е сместен на остров и тој низ историјата бил важно трговско пристаниште за Бугарија и за регионот.
Во градската чаршија се продават антички дела, производи од розова вода и многу други нешта. Во чаршијата се наоѓа и една чешма за туристите – се верува дека ако тие пијат вода од таа чешма, ќе можат безбедно да се вратат во своите домови.
- Културни активности во „познатиот бисер на Црното Море“ -
Во „Бисерот на Црното Море“ Несебар, се одржуват многу културни активности со национален и меѓународен карактер, почнувајќи од летните фестивали, оркестар, фолклор и религиозни церемонии.
Секоја година се одржува Меѓународнитот фестивал на балетот, којшто привлекува многу уметници и дневни посетители.