Во централна Турција откриен најстариот мозаик на светот
„Во научните студии, утврдено е дека пронајдениот мозаик е првиот мозаик во светската историја. Калапот на мозаикот исто така го потврдува ова, бидејќи е доста оригинален...“

ЈОЗГАТ (АА) - Најстариот мозаик во светот, направен пред 3.500 години, е откриен во централната турска област Јозгат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мозаикот составен од 3.147 камења со големина од 3x7 метри (10х23 стапки) е пронајден во Ушакли Хојук, лоциран во областа Соргун во Јозгат, каде што започнаа површинските истражувања во 2008 година, а ископувањата започнаа во 2012 година.
„Ископувањата се спроведуваат заедно од Генералниот директорат за културно наследство и музеј, Универзитетот Бозок и италијанскиот Универзитет Пиза“, рече Хусеин Чифтчи, директорот за култура и туризам во областа.
„Во научните студии, утврдено е дека пронајдениот мозаик е првиот мозаик во светската историја. Калапот на мозаикот исто така го потврдува ова, бидејќи е доста оригинален. Планираме да го внесеме ова место во туризмот.“
Доцент доктор Анаклето Дагостино, предавач на Универзитетот во Пиза и шеф на тимот за ископување, рече дека мозаикот што го пронашле припаѓа на 1500-тите години пр. н. е.
Исто така, наведувајќи дека мозаикот е најстариот во светот, тој рече: „Знаеме дека има слични мозаици во Грција, но сметаме дека мозаикот овде е постар од тој таму.“