Ердоган: Целењето комерцијални бродови во Црното Море никому не му оди во корист
Во обраќањето на 16. Конференција на амбасадори во главниот град Анкара, Ердоган рече дека нападите ја загрозуваат безбедноста на пловидбата по Црно Море и дека Анкара упатила предупредувања до двете страни (Русија и Украина) за ова прашање
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес предупреди дека целењето кон комерцијални и цивилни бродови во Црното Море не е од корист за никого, осврнувајќи се на неодамнешните напади поврзани со војната меѓу Русија и Украина, јавува Анадолу.
Во обраќањето на 16. Конференција на амбасадори во главниот град Анкара, Ердоган рече дека нападите ја загрозуваат безбедноста на пловидбата по Црно Море и дека Анкара упатила предупредувања до двете страни (Русија и Украина) за ова прашање.
Претходно Турција нагласи дека нападите врз бродовите во нејзината ексклузивна економска зона се неприфатливи.
Ердоган рече дека Турција „нема друга опција освен да биде силна“ и за да ги брани сопствените интереси и за да „подаде рака за помош на своите браќа“.
Во врска со хуманитарните и дипломатските напори на Турција за регионите во криза, Ердоган рече дека Анкара направила разлика со доставувањето на над 103.000 тони хуманитарна помош во Газа и покрај ограничувањата.
„Во Газа, многу мајки, сопружници, деца ги бараат своите мајки, татковци, партнери или чекаат да добијат вести за нивната судбина“, рече тој.
Во врска со агресивните дејства на Тел Авив против Сирија, Ердоган рече дека во моментов Израел е главна пречка за трајна безбедност и стабилност во земјата разурната од војна, каде што пред една година нова администрација ја презеде власта по соборувањето на Башар ал-Асад.
Бројот на сириски бегалци што од Турција се вратија во своите домови достигна 580.000, рече турскиот претседател, додавајќи дека со зацврстувањето на стабилноста, ќе се зголемува доброволното и достоинственото враќање на бегалците.
Анкара бара да се преземат потребните чекори за спроведување на договорот од 10 март со СДФ во Сирија, „кој ризикува да се претвори во криза ако му се пружи отпор (на договорот)“, предупреди тој.
Во врска со Јужен Кавказ, Ердоган рече дека Анкара е во дијалог со Баку и го унапредува процесот на нормализација на односите со Ереван. И Ерменија и Азербејџан се блиску до потпишување мировен договор, додаде тој.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
