култура и уметност

Во Истанбул отворена изложбата на „Istanbul Photo Awards“

Наградените фотографии од натпреварот ќе бидат претставени во музејот „Сантрал Истанбул“ до 10 декември

Rabia İclal Turan  | 03.12.2021 - Обновена : 04.12.2021
Во Истанбул отворена изложбата на „Istanbul Photo Awards“ Фото: İsa Terli AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Третата изложба на која се претставени наградените фотографии од Меѓународниот натпревар за фотографија „Istanbul Photo Awards“, од вчера е отворена во Истанбул за посетителите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Наградените фотографии од натпреварот ќе бидат претставени во музејот „Сантрал Истанбул“ до 10 декември.

Заменик-генералниот директор на АА, Огуз Енис Перу, го започна својот воведен говор со најдобрата фотографија за оваа година, направена од фотографот од Бангладеш, Мохамед Шајахан, за време на пандемијата на коронавирусот.

„Фотографијата која ја направи Шајахан“, рече Перу, „ја сумира борбата против коронавирусот од 2019 година со оваа единствена рамка, правејќи нè да ја почувствуваме приказната што илјадници зборови се обидуваат да ја раскажат.“

Тој додаде дека „Istanbul Photo Awards“ е годишен проект „со цел да се препознаат напорите на угледните фотографи, напори на кои најблиску бевме сведоци“.

Истакнувајќи дека „Istanbul Photo Awards 2021“ година го одбележа седмото издание на настанот, Перу рече дека влијанието на натпреварот низ светот станува сѐ поголемо со секоја измината година.

„Фотографи од 96 различни националности оваа година учествуваа на натпреварот со околу 15.000 пријавени фотографии“, додаде тој.

- Адам Прити: Добитник на трета награда -

Адам Прити, фоторепортерот на „Гети имиџес“ и добитник на третата награда во овогодишната категорија „Поединечен спорт“, исто така беше присутен на свеченото отворање, велејќи дека е „голема чест и привилегија“ да се дојде во Истанбул за првпат по 17 години.

„Мислам дека „Istanbul Photo Awards“ се фантастични награди за фотографија“, изјави тој за АА.

„Ако можете да го раширите гласот за фоторепортерството низ светот, во различни земји, култури, мислам дека тоа е навистина позитивна работа.“

Тој нагласи дека настанот е еден од настаните кој е најпрестижен и многу гледан.

„Изложбата, книгата што ја издаваат, сето тоа помага и е направено на навистина добар начин“, додаде тој.

„Да бидеш награден за својата работа и твоите фотографии да бидат изложени низ светот е „позитивна работа““, рече Прети.

„Мислам дека како раскажувач, тоа е нешто што сакам да го правам. Тоа е движечката цел зад она што се обидувам да го направам“, рече тој.

Во врска со важноста на спортското новинарство за време на пандемијата, тој рече: „Особено во последните неколку години со целата пандемија на Ковид-19, спортот одигра навистина голема улога во помагањето на луѓето да поминат преку неа.

„Се надевам дека тоа е приказната и зад мојата фотографија“, рече тој, зборувајќи за наградената фотографија што ја направи, насловена „Log Pile Bouldering“, на спортист во Германија.

„Фотографијата“, рече тој, „е приказна за едно лице, како и за тоа како ја преживеало пандемијата на Ковид-19 со тоа што продолжило со обуката и физичките вежби.

Посетителите ќе ги очекува посебен избор на фотографии со настани што ја одбележаа минатата година, од тажни сцени за време на пандемијата на Ковид-19 до експлозијата во Бејрут и Светското првенство во супербајк.

Победничките фотографии претходно беа изложени во Центарот за уметност „ЦерМодерн“ во турскиот главен град Анкара и во седиштето на ОН во Њујорк во октомври.

На натпреварот учествуваат околу 15.000 фотографи од целиот свет, а 14 фоторепортери од 12 националности добија награди во категориите „Поединечна вест“, „Серија вести“, „Поединечен спорт“, „Тимски спорт“, „Низа фотографии за секојдневниот живот“ и „Серија портрети“.

„Istanbul Photo Awards“ е официјално спонзориран од авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), а домаќин на истанбулскиот дел од изложбата е Универзитетот „Билги“ во Истанбул.

Датумите на пријавување за 2022 година, осмиот круг на натпреварот, ќе бидат објавени во наредните недели, а повеќе информации за натпреварот и наградените фотографии може да се добијат преку веб-страницата „www.istanbulphotoawards.com“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.