Битола: Градот на заедничката култура
Градот Битола имал голема важност во отоманскиот перод, како еден од економските центри во отоманскиот период на Балканот
Bitla
БИТОЛА (АА) – ЏИХАТ АЛИУ
Вгнезден во југозападниот дел на Македонија, Битола е град кој со своите историски знаменитости од областа на архитектурата од различни периоди фрла светлина врз минатото.
Од аспект на својата местоположба, градот Битола и во Отоманското Царство и пред него имал една стратешка важност поради поминувањето на стариот пат на Рим „Виа Егнација“. И поради градот Хераклеја, изграден од страна на македонскиот крал Филип Втори, Битола се смета за едно од најважните и централни населени места.
Битола била населена од туркменските племиња од Анадолија и Торос, донесени особено во периодот на султан Мурат Втори и султанот Фатих Мехмет. Градот имал голема важност во отоманскиот перод, како еден од економските центри во отоманскиот период на Балканот.
Со промената на етничкиот состав, Битола претрпува и промени од аспект на архитектурата, а со карактеристичните ориентални елементи и со многуте дела од различни периоди коишто опстанале до денес, претставува град-музеј.
Малиот број џамии што се во функционална состојба ги бараат старите денови. Според патеписецот Евлија Челеби, во 17. век во овој град имало 70 џамии и месџиди.
- Намерно биле уништувани османлиските дела -
Џамија што останала до денеска и којашто е во употреба, е џамијата Исхак Челеби. Некогаш во рамките на комплексот на џамијата Исхак Челеби се наоѓале многу функционални делови како библотека, медреса и слично. По целосната реставрација од страна на Турската агенција за развој и кординација (ТИКА), џамијата Исхак Челеби е пуштена во употреба минатата година, во текот на месецот Рамазан.
Од друга страна, спроти џамијата Исхак Челеби се наоѓа друга џамија, важен споменик од отоманскиот период, џамијата Кади Махмут, или како што е позната меѓу граѓаните, Јени џамија (Нова џамија). Оваа џамија е изградена во 16. век, од страна на кадијата на Битола Махмут ефенди. Како и за многу други османлиски џамии на Балканот, и за оваа џамија се вели дека нејзините темели се изградени на црква и поради ова, направени се археолошки ископувања.
Дел од намерно уништените дела што останале од османлискиот период е и саат кулата којашто се наоѓа на истото место. Како што може да се види и во другите градови на земјата, на врвот од саат кулата е ставен крст, кој ја претвора кулата во религиозен објект.
- Широк сокак и османлиското воено училиште -
Битола некогаш беше позната како „Градот на конзулите“ и на Широк сокак се наоѓаа голем број почесни конзулати, вклучувајќи ги и конзулатите на Турција и на Русија. Широк сокак, кој личи на Улицата на Истиклал во Истанбул, со многубројните продавници и кафулиња ја потврдува модерната ориентација на градот.
На крајот на Широк сокак се наоѓа Военото училиште во Битола, исто така здание од османлискиот период коешто придонесува во културното збогатување на земјата. Денеска Военото училиште во коешто еден период учел основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, се користи како музеј.
На вториот кат од училиштето, реставрирано од страна на ТИКА, се наоѓа една посебна соба посветена на Мустафа Кемал Ататурк, и во неа се изложени личните работи на Ататурк, фотографии и униформи.
- Во градот се застапени градби од различни народи и култури -
Меѓу овие градби се и оние на Албанците. Од 14 до 22 ноември 1908 година бил одржан состанок на Албанскиот национален конгрес, на кој била стандардизирана албанската азбука. Конгресот се одржал во еден хотелски објект што и ден-денес се наоѓа таму. Секоја година, на 22 ноември, Албанците го одбележуваат „Денот на азбуката“ и го посетуваат овој објект.
Од друга страна, градот Хераклеа, којшто е основан од страна на македонскиот крал Филип Втори, со остатоците од античкиот град, скулптурите и мозаиците, ги носи посетителите во старите времиња.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
