култура и уметност

Астрономскиот часовник во Прага стар шест века му пркоси на времето

Часовникот покажува вавилонско време, старо чешко време, германско време и ѕвездено време

Aida Cako  | 25.12.2024 - Обновена : 26.12.2024
Астрономскиот часовник во Прага стар шест века му пркоси на времето

ПРАГА (АА) – Астрономскиот часовник, поставен на јужниот ѕид на Градската куќа во Прага, претставува едно од најзначајните обележја на стариот градски плоштад и е неизбежна дестинација за туристите што ја посетуваат чешката престолнина, јавува Анадолу.

Овој часовник, кој е постар од 600 години, со структурата и уникатниот дизајн важи за едно од најчесто фотографираните места во градот.

Она што го прави часовникот посебен е астрономскиот бројчаник, кој не само што покажува 24 часа од денот туку и положбата на сонцето и месечината на небото, како и други астрономски информации.

Сепак, астрономскиот бројчаник не е единствен елемент што го издвојува часовникот.

Неговата комплексност и историска вредност дополнително се истакнуваат преку подвижните фигури – процесијата на апостолите.

Софистицираниот механизам овозможува 12 апостоли да се движат и да се појавуваат секој час, привлекувајќи илјадници посетители што со нетрпение го очекуваат ова спектакуларно движење.

Исто така, часовникот има и календарски бројчаник со 12 медалјони што ги симболизираат месеците во годината, пренесувајќи уникатна визуелна приказна за времето и природата.

Часовникот покажува вавилонско време, старо чешко време, германско време и ѕвездено време.

Овој часовник не е само техничко чудо од средновековието туку и симбол на уметноста и традицијата на овој европски град што секоја година го посетуваат милиони туристи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın