Артефактите од античкиот период изложени во музеите во три области во југозападна Турција
Артефактите од античките цивилизации на Тракија, Персија, Македонија, Рим и Византија, пронајдени во северозападна Турција, се нешто што не смее да го одминат посетителите на музеите во југозападна Турција

ЕДРЕНЕ (АА) - Артефактите од античките цивилизации на Тракија, Персија, Македонија, Рим и Византија, пронајдени во северозападна Турција, се нешто што не смее да го одминат посетителите на музеите во југозападна Турција, порачаа туристичките претставници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Реликвиите се изложени во три турски области во регионот Тракија, поточно во Едрене, Киркларели и Текирдаг, каде што живееле разни цивилизација уште од античко време.
Во Музејот за етнографија и археологија во Едрене се изложени вредни колекции на монети, скулптури, земјени и стаклени садови, како и долмени, од грчкиот, византискиот и римскиот период.
„Едрене не е само град на султаните, туку и град на императорите и кралевите. Она што го прави Едрене поинаков и посупериорен е тоа што е крстосница на цивилизациите“, рече Кемал Сојтурк, обласниот директор за култура и туризам, осврнувајќи се на услугите на градот како главен град на Отоманското Царство во 14 и 15 век, откако бил заземен од Византиската Империја.
„Регионот е познат по долмените, еден вид мегалитска гробница, што обично се состои од повеќе плочи кои држат поголема рамна хоризонтална плоча“, рече Сојтурк, и додаде дека откриени се околу 70 долмени.
- Музејот во Киркларели содржи над 7.000 артефакти -
„Во Музејот во Киркларели на североисток, изложени се дури 7.101 артефакт“, истакна обласниот директор за култура и туризам, Вели Шен.
Шен истакна дека артефактите на античките Тракијци, пронајдени во регионот, се обликувани од самиот статус на цивилизацијата, како едно воено општество.
„Јасно гледаме дека Тракијците следеле пагански систем на верувања, одбележан со ритуали и одреден фолклор“, додаде тој.
- Артефактите од Хера, град во Тракија, во музејот во Текирдаг -
Во музејот во Текирдаг има многу повеќе тракиски артефакти пронајдени во античкиот локалитет Хераион-Теихос (градот Хера), како и Кавуској во Малкара и Перинтос во Мармараереглиси.
Поканувајќи ги сите оние што се заинтересирани за Тракијците да го посетат Текирдаг и Музејот за археологија и етнографија, директорот за култура и туризам на Текирдаг, Ахмет Хаџиоглу, рече дека во областа се наоѓа единствениот локалитет на тракиски населби во Турција.
Тој нагласи дека артефактите, меѓу кои и гробот на Керсеблепт, еден од тракиските кралеви, печка што се користела за производство на лекови, како и монети, оружје и вајарски релјефи, ги носат посетителите на пат низ историјата.
„Тракијците живееле до пред 600 години. Најзначајната карактеристика на овој музеј е што тука се изложени трагите на Тракијците“, рече тој.