свет, Коронавирус

Французите сметаат дека администрацијата на Макрон не може да се справи со епидемијата на Ковид-19

„Кога ќе дознаете дека сте позитивен на Ковид-19, не ве примаат во болница, ви велат дека треба да останете дома 14 дена. И да станува збор за тежок случај, во Франција тешко можете да стигнете до болничко легло“

Yusuf Özcan,Alaattin Doğru   | 23.10.2020
Французите сметаат дека администрацијата на Макрон не може да се справи со епидемијата на Ковид-19

ПАРИЗ (АА) - ЈУСУФ ОЗЏАН/АЛААТИН ДОГРУ -

Од почетокот на пандемијата досега, Франција го привлече вниманието врз себе како „земја во која е регистриран најголем број на лица позитивни на коронавирусот на дневно ниво во Европа“. На 17 октомври, со 32.427 новозаразени во Франција е регистриран најголемиот број на лица позитивни на Ковид-19 на дневно ниво од почетокот на епидемијата, што во исто време е и највисока дневна бројка на новозаразени и во Европа, пишува Агенција Анадолија (АА).

Додека Французите сметаат дека администрацијата на претседателот Емануел Макрон не може да се справи со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), рестораните во оваа земја трпат сериозни загуби од економски аспект поради преземените мерки.

Франција, која е една од земјите што се најмногу погодени од вториот бран на епидемиијата, во рамките на борбата против Ковид-19 за наредните четири недели воведе „забрана за излегување на улица“ од 21:00 до 06:00 часот во Париз и неговата околина и градовите Гренобл, Лил, Лион, Екс ан Прованс, Марсеј, Руан, Тулуз и Монпелје. Во овој период рестораните и работните места ќе бидат затворени.

- „Состојбата во болниците треба да се подобри, а капацитетите да се зголемат.“ -

За текот на епидемијата на Ковид-19 во Франција, преземените мерки и процесот на лекување во болниците изјава за Агенција Анадолија дадоа Французите и сопствениците на ресторани што живеат во Париз.

Младата Французинка Мари, која не сакаше да го каже своето презиме, рече дека во земјата постои нестабилна и загрижувачка состојба во однос на епидемијата. „Во овој период епидемијата достигна застрашувачка димензија поради недостиг на капацитети во болниците“, изјави Мари, посочувајќи дека се недоволни преземените мерки за запирање на состојбата со епидемијата. „Не разбирам зошто е донесена одлуката за полициски час. Средствата за јавен превоз се преполни, сите се заедно на работните места, училиштата се отворени, сето тоа не го сметам за логично“, ја кажа својата проценка Мари.

Велејќи дека мерките против Ковид-19 што ги спроведува администрацијата на Макрон се „смешни, антисоцијални и страшни“, Мари истакна: „Состојбата во болниците треба да се подобри, а капацитетите да се зголемат. Повеќе не сакаме да ја слушаме Владата како ни вели ’Во војна сме‘, тоа е покритие со кое сака да го прикрие неуспехот.“

- „Кога ќе дознаете дека сте позитивни, не ве примаат во болница“ -

И Винсент Хонин изјави дека се обидува со најмали последици да го надмине периодот на пандемијата со Ковид-19. Велејќи дека успехот на администрацијата на Макрон во справувањето со епидемијата кај луѓето создава прашалници, Хонин истакна: „Загрижени сме дали ќе биде воведен втор карантин. Доколку се направат неопходните чекори и се обезбеди поддршка за тешките сектори, тогаш овие чекори би значеле нешто.“

Хасан Бенсегир истакна дека Владата презела многу строги мерки во рамките на борбата со Ковид-19. Посочувјќи дека превентивните мерки се преземени набрзина, без консултации и дека Владата во моментов е фатена неподготвена во текот на времетраењето на вториот бран, Бенсегир истакна дека тоа се причините поради кои се донесени многу погрешни одлуки.

Тој рече дека причината поради која во моментов француската Влада е фатена неподготвена во периодот на вториот бран се голем број погрешни одлуки околу преземањето превентивни мерки што се донесени набрзина и без консултации.

Според Бенсегир, прогласувањето полициски час по 21:00 часот ги става во голем ќор-сокак трговците кои веќе претрпеа економска штета и рече дека Владата не ги презела неопходните чекори за да изнајде решение за тоа.

Објаснувајќи дека Ковид-19 го прележал со благи симптоми, но неговиот брат близнак потешко ја надминал болеста, Бенсегир рече: „Кога ќе дознаете дека сте позитивен на Ковид-19, не ве примаат во болница, ви велат дека треба да останете дома 14 дена. И да станува збор за тежок случај, во Франција тешко можете да стигнете до болница, бидејќи на дневно ниво се детектираат повеќе од 20.000 случаи. Болниците се преполни.“

- „Како затворањето на рестораните во 21:00 часот позитивно ќе влијае на текот на епидемијата“ -

Жулиен Бертран, сопственикот на ресторанот „Бакус“, сместен во близина на „Опера“, еден од историските и туристички плоштади во Париз, изјави дека бил принуден рано да го затвори ресторанот поради полицискиот час. Нагласувајќи дека незначителен број клиенти доаѓаат во ресторанот по 21:00 часот и дека има сериозна загуба на прометот, Бертран рече: „Не знам како затворањето на рестораните во 21:00 часот позитивно ќе влијае на текот на епидемијата. Треба да ни дозволат да работиме повеќе. Ние ги почитуваме сите мерки на претпазливост. Дневно носиме маска по 12 часа. Мерките се рестриктивни. Можно е и рестораните да бидат затворени во ноември.“

Бертран исто така изјави дека бил заразен со Ковид-19 на почетокот на март, но не можел да оди во болница.

- „Потполна катастрофа за рестораните“ -

Мерза, еден од одговорните во ресторанот „Могол“, кој не сакаше да го каже своето презиме, во врска со мерките што ги презема администрацијата на Макрон рече:

„Ова е катастрофа. Подобро е да ги затворите рестораните целосно наместо по 21:00 часот, бидејќи луѓето излегуваат и одат во ресторан по 20:00 часот. Овие мерки се потполна катастрофа за рестораните. Доживуваме 60 проценти загуба на прометот поради полицискиот час.“

Споменувајќи дека раководството на Макрон обезбедува финансиска поддршка за рестораните во рамките на мерките против Ковид-19, Мерза истакна: „Поддршката е навистина недоволна. Месечно плаќам кирија во висина од 6.000 евра. Не можам да го плаќам ова секој месец.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın