Турција, Коронавирус

Турција: Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 76 лица

„Регистриран е значаен раст во бројката на излекувани пациенти. Бројката на излекувани лица вчера изнесуваше 484, додека оваа бројка денес се зголеми на 786 лица“, истакна Коџа

Ferdi Türkten  | 04.04.2020 - Обновена : 05.04.2020
Турција: Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 76 лица

АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 786 лица, пренесува Агенцина Анадолија (АА).

Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 19.664 тестирања за Ковид-19, од кои 3.013 лица се позитивни на овој вирус.

Според тоа, во последните 24 часа починаа уште 76 лица како последица на оваа пандемија, додека уште 302 лица биле излекувани и отпуштени од болница.

Во Турција откриени се вкупно 23.934 случаи, додека починаа вкупно 501 лице поради Ковид-19.

Се нагласува дека 1.311 лица се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на интубирани пациенти изнесува 909.

Министерот за здравство на Турција, Фахретн Коџа, на својот Твитер профил ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.

Коџа нагласи дека извршени се вкупно 161.380 тестирања, од кои 12,18 отсто биле извршени во последните 24 часа.

Турскиот министер за здравство икажа на бројката на излекувани лица.

„Регистриран е значаен раст во бројката на излекувани пациенти. Бројката на излекувани лица вчера изнесуваше 484, додека оваа бројка денес се зголеми на 786 лица“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın