наука и технологија, Коронавирус

Студија: Крвната група А го зголемува ризикот од заразување со коронавирусот

- Луѓето од одредени крвни групи можно е да се поподложни да се заразат со Ковид-19, покажува студијата објавена во медицинското списание „Blood Advances“, од страна на Американската асоцијација за хематологија

Övünç Kutlu   | 04.03.2021
Студија: Крвната група А го зголемува ризикот од заразување со коронавирусот

АНКАРА 

Луѓето од одредени крвни групи можно е да се поподложни да се заразат со Ковид-19, покажува студијата објавена во медицинското списание „Blood Advances“, од страна на Американската асоцијација за хематологија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Студијата открила дека новиот коронавирус особено го привлекува антигенот на крвната група А, кој се наоѓа на респираторните клетки.

Според истражувањето, ова откритие може да обезбеди сознанија и за потенцијалната поврзаност помеѓу крвната група А и Ковид-19.

„Ако можеме подобро да сфатиме како вирусот дејствува кај различните крвни групи кај луѓето, можеби ќе можеме да најдеме нови лекови или пак методи на превенција“, вели д-р Шон Стоуел од Болницата за жени и Бригам во Бостон.

„Нашата опсервација не е единствениот механизам за она што го гледаме клинички, но може да објасни дел од влијанието на крвната група врз инфекцијата со Ковид-19“, додаде тој.

„Коронавирусот досега во светот однесе над 2,5 милиони животи, а над 115 милиони луѓе се заразени. САД сè уште се на врвот со најголем број смртни случаи предизвикани од вирусот (над 518.000) и број на заразени (28,7 милиони случаи)“, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Според податоците од Центрите за контрола и превенција на болести на САД, од 107 милиони дистрибуирани дози на вакцини во земјата, употребени се 80,5 милиони дози заклучно со вчерашниот ден, а само 26,9 милиони луѓе или 8,1 отсто од населението на САД примиле две дози од вакцината.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.