свет, Коронавирус

Со Ковид-19 во светот заразени повеќе од 42 милиони лица

Најмногу случаи на заразени се потврдени во Соединетите Американски Држави (САД). Во САД вирусот е потврден кај 8.661.651 лице

Emre Aytekin   | 23.10.2020
Со Ковид-19 во светот заразени повеќе од 42 милиони лица

АНКАРА

Со новиот тип коронавирус кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан, а за кратко се прошири во целиот свет, заразени се повеќе од 42 милиони лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Податоците достапни на „Worldometer“ покажуваат дека низ целиот свет од Ковид-19 заразени се 42.003.060 лица.

Најмногу случаи на заразени се потврдени во Соединетите Американски Држави (САД). Во САД вирусот е потврден кај 8.661.651 лице.

По Соединетите Американски Држави (САД), според бројот на заразени лица следуваат Индија (7.761.312), Бразил (5.332.634), Русија (1.463.306), Шпанија (1.090.521), Аргентина (1.053.626), Франција (999.043), Колумбија (990.270), Перу (879.876), Мексико (874.171) и Велика Британија (810.467).

Во Турција регистрирани се 355.528 лица заразени со коронавирусот.

Од почетокот на епидемијата досега во светот починаа 1.142.874 лица, а оздравеа 31.190.947 лица. Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 9.669.239.

Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın