Русија: Бројот на случаи со Ковид-19 надмина 871.000
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 5.267 нови случаи на заразеност, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 871.894

МОСКВА
Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 14.606, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 871.894, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 5.267 нови случаи на заразеност, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 871.894.
Во последните 24 часа Ковид-19 е причина за смртта на уште 116 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 14.606.
Оздравеа уште 7.331 лице, со што вкупната бројка на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 676.357.
Во Русија направени се над 29 милиони и 700 илјади тестирања за Ковид-19.