свет, Коронавирус

Претседателот на Полска, Дуда, позитивен на коронавирус

- Зголемената стапка на заразеност го зголеми притисокот врз здравствениот систем, кој е на крајните граници

ekipa  | 24.10.2020 - Обновена : 25.10.2020
Претседателот на Полска, Дуда, позитивен на коронавирус

ВАРШАВА

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, е позитивен на коронавирусот, соопшти неговиот портпарол, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Блажеј Спичалски на социјалната мрежа Твитер објави дека 48-годишниот лидер на конзервативците е тестиран и дека неговиот резултат е позитивен, додавајќи дека претседателот се чувствува добро и се наоѓа во изолација.

Дијагнозата на Дуда доаѓа во момент на зголемен број позитивни случаи и починати од Ковид-19 во Полска, земја во која во пролетниот период беше забележан многу мал број на заразени.

Зголемената стапка на заразеност го зголеми притисокот врз здравствениот систем, кој е на крајните граници. Докторите информираат дека пациентите сега умираат не само од последиците предизвикани од Ковид-19, туку и од други болести, бидејќи преполните болници не се во можност да ги лекуваат.

Владата се подготвува за отворање полски (мобилни) болници, но не е сигурна дали ќе има доволен број доктори и медицински персонал за да ги ангажираат.

Дуда вчера го посети Националниот стадион во Варшава, кој се претвора во една од полските болници. Истиот ден се состана и со Игор Свиатек, 19-годишниот тенисер кој овој месец го освои Роланд Гарос.

Владата на Полска воведе нови привремени ограничувања, со надеж дека ќе ја стави пандемијата под контрола.

Во Полска, која брои популација од 38 милиони жители, на 23 октомври се детектирани 13.600 новозаразени, што е рекорд на дневно ниво, додека животот го загубија 153 лица. Досега во Полска е потврдена смртта на 4.172 лица заразени со Ковид-19.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.