свет, Коронавирус

ОН бара заштита на мигрантите, бегалците и лицата без државјанство во екот на пандемијата на Ковид-19

- Обединетите нации (ОН) ја повикаа меѓународната заедница во екот на глобалната пандемија на Ковид-19 да ги заштити мигрантите, бегалците и лицата без државјанство и итно да ги ослободи мигрантите и бегалците од затворите

Bayram Altuğ  | 01.04.2020 - Обновена : 01.04.2020
ОН бара заштита на мигрантите, бегалците и лицата без државјанство во екот на пандемијата на Ковид-19

ЖЕНЕВА

Обединетите нации (ОН) ја повикаа меѓународната заедница во екот на глобалната пандемија на Ковид-19 да ги заштити мигрантите, бегалците и лицата без државјанство и итно да ги ослободи мигрантите и бегалците од затворите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Комесаријатот за човекови права на организацијата на ОН (OHCHR), Меѓународната организација за миграции (IOM) и Светската здравствена организација (WHO) во заедничко соопштение ја предупредија меѓународната заедница дека мигрантите, бегалците и лицата без државјанство претставуваат ризична категорија во пандемијата на Ковид-19.

Укажувајќи на притисокот врз здравствени системи во земјите во развој кои згрижуваат поголемо мнозинство на мигранти и бегалци во светот, организациите на ОН во Женева предупредија дека таа популација престојува во кампови без услови и колективни центри во кои недостига основна здравствена заштита и средства потребни за хигиена.

Во соопштението понатаму се наведува дека таа ризична популација би требало да добие еднаков пристап до тестовите и лекувањето во екот на ширењето на коронавирус.

„Посебно е загрижувачка ситуацијата на бегалците и мигрантите кои се наоѓаат во формалните и неформални притвори и престојуваат во пренатрупаните објекти кои се без оптимални услови. Земјаќи ја в предвид смртоносната опасност од коронавирус, тие лица треба итно да се ослободат без никакво одложување“, се наведува во соопштението.

До сите земји е упатен апел да ги почитуваат човековите права на мигрантите и бегалците и да не ги депортираат во екот на пандемијата, туку да им обезбедат здравствени контроли.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın