свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во Бразил починаа уште 1.237 лица, во Индија 886, а во Мексико 819 лицa

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.237 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 98.493 лицa

Muhammed Emin Canik,Nuri Aydın   | 07.08.2020
Од Ковид-19 во Бразил починаа уште 1.237 лица, во Индија 886, а во Мексико 819 лицa

Buenos Aires

БУЕНОС АИРЕС

Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.237 лицa, во Индија 886 лица, а во Мексико 819 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.237 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 98.493 лицa.

Во земјата се откриени уште 53.139 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 2.912.212.

Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 2.047.660.

Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.

- Индија

Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 886 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 41.585.

Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 62.538 случаи со овој вирус.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 2.027.074.

Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 1.378.105 лица.

- Мексико

Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 819 лица.

Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 50.517.

Во Мексико се откриени уште 6.590 нови случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 462.690.

Досега во земјата се излекувани 308.848 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın