свет, Коронавирус

Малезија ќе набави од Русија и Кина 18,4 милиони дози вакцина против Ковид-19

Малезија соопшти дека ќе бидат набавени 6,4 милиони дози од руската вакцина против коронавирус „Спутник V“, додека 12 милиони дози вакцина ќе бидат набавени од кинеската компанија „Синовак“

Ömer Faruk Yıldız   | 26.01.2021
Малезија ќе набави од Русија и Кина 18,4 милиони дози вакцина против Ковид-19

КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Малезиските власти донесоа одлука за набавка на 18,4 милиони дози вакцина против Ковид-19 од Русија и Кина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Малезија соопшти дека ќе бидат набавени 6,4 милиони дози од руската вакцина против коронавирус „Спутник V“, додека 12 милиони дози вакцина ќе бидат набавени од кинеската компанија „Синовак“.

Во соопштението се наведува дека 18,4 милиони дози вакцина ќе бидат доволни за имунизација на 9,2 милиони луѓе, што е речиси третина од населението на Малезија.

Се истакнува дека првите дози од руската и кинеската вакцина во Малезија пристигнуваат во март, додека дистрибуцијата во болниците и клиниките ќе започне во април.

Малезиските власти досега потпишаа договор со компаниите Фајзер/БајоНтек и АстраЗенека за набавка на 25 милиони дози вакцина против коронавирусот.

Во Малезија Ковид-19 е потврден кај 190.434 лица, од кои 700 ја изгубија битката со вирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın