спорт, Коронавирус

Конор Мекгрегор донираше опрема во вредност од 1 милион евра за борба против Ковид-19

Ирскиот спортист соопшти дека купил лична заштитна опрема во вредност од 1 милион евра за да се дистрибуира во болниците кои водат борба против коронавирусот

Abdulkadir Karakaya  | 26.03.2020 - Обновена : 27.03.2020
Конор Мекгрегор донираше опрема во вредност од 1 милион евра за борба против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Ирскиот спортист, боксерот Конор Мекгрегор, донираше лична заштитна опрема за борба против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во вредност од 1 милион евра, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Мекгрегор на својот профил на социјалните мрежи ја сподели својата преписка со ирскиот министер за финансии, Паскал Донахју.

Ирскиот спортист соопшти дека купил лична заштитна опрема во вредност од 1 милион евра за да се дистрибуира во болниците кои водат борба против коронавирусот во регионот Лејнстер во неговата родна земја Ирска.

Поддржувајќи ги здравствените работници, Мекгрегор напиша: „Не знам каде би биле сега да не беа овие храбри луѓе.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın