свет, Коронавирус

Ковид-19 продолжува да е причина за висока смртност во Латинска Америка

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.311 лица во Бразил, 234 во Мексико, 490 во Аргентина, 429 во Колумбија, 318 во Перу, 38 во Чиле, 44 во Еквадор, 75 во Парагвај, 88 во Хондурас и на 37 лица во Уругвај.

Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik   | 12.05.2021
Ковид-19 продолжува да е причина за висока смртност во Латинска Америка

БОГОТА 

Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.311 лица во Бразил, 234 во Мексико, 490 во Аргентина, 429 во Колумбија, 318 во Перу, 38 во Чиле, 44 во Еквадор, 75 во Парагвај, 88 во Хондурас и на 37 лица во Уругвај.

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во оваа земја починале 2.311 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 425.540.

Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 72.715, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 15.282.705.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 13.847.191 лице претходно позитивни на Ковид-19.

- Мексико

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 234 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 1.897 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 219.323 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.368.393, а досега оздравеа 1.891.052 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.

Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 490 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 68.311. Во истиот период детектирани се 25.976 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.191.097.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 2.854.364 лица заразени со коронавирусот.

Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.

- Колумбија


Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 429 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 78.771.

Во последното деноноќие детектирани се 16.425 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.031.726. Во оваа земја досега оздравеа 2.848.153 заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу


Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 318 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.851 новозаразен.

Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.858.239, од кои починаа 64.691 лице, а оздравеа над 1.807.842 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Чиле

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 38 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 27.356.

Во истиот период регистрирани се нови 3.771 случај на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.256.546, а оздравеа вкупно 1.193.927 лица претходно заразени со коронавирусот.

- Еквадор

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 44 смртни случаи, вкупно 19.286 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 535 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 402.595.

Досега во Еквадор оздравеа 342.878 лица што биле позитивни на коронавирусот.

- Парагвај

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 75 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.377 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 302.061, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 7.284.

Досега оздравеа 250.502 лица позитивни на коронавирусот.

- Хондурас

Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубија 88 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1.130 лица.

Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 222.118, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 5.789 лица, а оздравеа 81.973 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.

- Уругвај

Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 37 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 3.208.

Во истиот период детектирани се 2.981 лице позитивни на Ковид-19, вкупно 225.847 од почетокот на пандемијата.

Во Уругвај досега оздравеа 197.085 заразени со Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın