свет, Коронавирус

Ковид-19 е детектиран кај повеќе од 33.849.000 лица во светот

- Бројот на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 33.849.279, додека оздравеа 25.151.387 лица кои претходно беа заразени со коронавирусот. Продолжува лекувањето на 7.685.151 активен случај

Nuri Aydın, Gökhan Varan  | 30.09.2020 - Обновена : 30.09.2020
Ковид-19 е детектиран кај повеќе од 33.849.000 лица во светот

АНКАРА

Новиот тип коронавирус (Ковид-19), што за првпат се појави во градот Вухан во кинеската провинција Хубеи, за кусо време се рашири низ повеќе од 200 земји и региони во светот, при што во моментов овој вирус е детектиран кај повеќе од 33.849.000 лица, известува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците во врска со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите од светот, досега од последиците предизвикани од Ковид-19 починаа 1.012.741 лице заразени со вирусот.

Бројот на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 33.849.279, додека оздравеа 25.151.387 лица кои претходно беа заразени со коронавирусот. Продолжува лекувањето на 7.685.151 активен случај.

Во Соединетите Американски Држави (САД), кои се земја со најголем број смртни случаи и со најголем број позитивни на Ковид-19, досега се детектирани 7.406.729 лица заразени со коронавирусот, а од последиците на Ковид-19 починаа 210.797 заразени.

Земји од светот, покрај САД, во кои бројот на заразени со коронавирусот е над 300.000 се:

Индија (6.225.763), Бразил (4.780.317), Русија (1.167.805), Колумбија (824.042), Перу (811.768), Шпанија (758.172), Мексико (738.163), Аргентина (736.609), Јужноафриканска Република (672.572), Франција (550.690), Чиле (461.300), Иран (453.637), Велика Британија (446.156), Бангладеш (362.043), Ирак (358.290) Саудиска Арабија (334.187), Турција (317.272), Италија (313.011), Пакистан (312.263) и Филипини (309.303).

Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на смртни случаи надминува 10.000 се:

Бразил (143.010), Индија (97.529), Мексико (77.163), Велика Британија (42.072), Италија (35.875), Перу (32.396), Франција (31.893), Шпанија (31.614), Иран (25.986), Колумбија (25.828), Русија (20.545), Јужноафриканска Република (16.667), Аргентина (16.519), Чиле (12.725), Еквадор (11.312) и Индонезија (10.601).




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın