свет, Коронавирус

Ковид-19: Во Русија за еден ден повеќе од 6.000 заразени, 149 починати

- Во Москва во последните 24 часа се потврдени 1.050 нови случаи на заразување, односно вкупно 280.408. Забележани се и 15 нови смртни случаи, вкупно 5.115.

Ali Cura  | 24.09.2020 - Обновена : 25.09.2020
Ковид-19: Во Русија за еден ден повеќе од 6.000 заразени, 149 починати

МОСКВА

Бројот на заразени со новиот тип коронавирус во Русија е зголемен на 1.128.836, додека од Ковид-19 починаа 19.948 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Центарот за превенција и контрола на вирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа заразување со новиот тип на коронавирус е потврден кај уште 6.595 лица, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 1.128.836.

Станува збор за најголемо зголемување на бројот на заразени на дневно ниво од 12 јули.

Во последните 24 часа потврдени се 149 смртни случаи, вкупно 19.948, а бројот на оздравени е поголем за 6.130 и изнесува 929.829.

Трендот на пораст на дневниот број на заразени и понатаму е 0,6 отсто, а кај 24 отсто од новозаразените не се забележани симптоми на болеста.

Во Москва во последните 24 часа се потврдени 1.050 нови случаи на заразување, односно вкупно 280.408. Забележани се и 15 нови смртни случаи, вкупно 5.115.

Заводот за заштита на потрошувачки права и човеково здравје во Русија соопшти дека до денеска се спроведени 43,9 милиони тестирања за присуство на заразување со Ковид-19.

Првиот случај на заразување со Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, додека првиот смртен случај е потврден на 19 март.

Со намалувањето на бројот на новозаразени, во земјата постепено се укинувани мерките воведени за спречување на ширењето на вирусот. Сепак, донесена е одлука за задолжително носење маски и ракавици во затворени простори, како и во простори во кои престојуваат голем број луѓе.

Во земјата на 1 септември започна новата училишна година, а во училиштата е потребно да се носат маски и да се почитува физичкото растојание.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın