свет

Зеленски воведе нови санкции усогласени со 19. пакет санкции на ЕУ

Зеленски изјави дека санкциите, кои веќе стапија на сила во Украина, се насочени кон рускиот извоз на природни ресурси и мрежите за снабдување со електронски компоненти...

Alperen Aktaş  | 06.11.2025 - Обновена : 06.11.2025
Зеленски воведе нови санкции усогласени со 19. пакет санкции на ЕУ

ИСТАНБУЛ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес објави нов пакет санкции, за кои рече дека имаат цел дополнително да ја изолираат руската воена економија и да ги усогласат мерките со 19. пакет санкции на Европската Унија, јавува Анадолу.

Зеленски изјави дека санкциите, кои веќе стапија на сила во Украина, се насочени кон рускиот извоз на природни ресурси и мрежите за снабдување со електронски компоненти, оценувајќи дека нивното економско влијание би можело да достигне „десетици милијарди евра годишно“.

Тој додаде дека Украина воведува и ограничувања за руските субјекти што се вклучени во експлоатацијата на ресурси на Арктикот, што го опиша како клучен извор за финансирање на руските воени активности.

„Веќе знаеме дека нашите партнери ќе ги следат нашите чекори, вклучително и нашите предлози во сопствените санкциски пакети“, рече Зеленски.

Украинскиот лидер најави и дополнителни мерки против поединци и организации поврзани со руската пропаганда, военото производство и колаборационистичките активности.

Тој додаде дека овие чекори претставуваат „конкретен одговор“ на неодамнешните руски санкции насочени кон украински официјални лица, меѓу кои и премиерот на земјата.

Засега Русија нема дадено официјален коментар за новите мерки.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.