свет, Коронавирус

Ковид-19 во Азија: Кина без новозаразени, во Јужна Кореја 58 нови случаи

- Во Кина, во изминатите 24 часа не е забележан ниту еден случај на заразување со Ковид-19, додека во Јужна Кореја се регистрирани 58 новозаразени,

Emel Gözellik   | 29.05.2020
Ковид-19 во Азија: Кина без новозаразени, во Јужна Кореја 58 нови случаи

АНКАРА

Во Кина, во изминатите 24 часа не е забележан ниту еден случај на заразување со Ковид-19, додека во Јужна Кореја се регистрирани 58 новозаразени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Националниот здравствен завод на Кина соопшти дека во изминатиот ден не е потврден ниту еден случај на заразување, а ниту пак смртни случаи предизвикани од заразувањето на кинеското копно.

Во соопштението се наведува дека лекувањето кај 70 заразени сѐ уште трае, а дека 414 лица се наоѓаат под здравствен надзор.

Од Јужнокорејскиот центар за контрола и превенција на болести е соопштено дека во изминатите 24 часа се забележани 58 нови случаи на заразување и се истакнува дека сите случаи се потврдни во Сеул и околните населби.

Премиерот на Јужна Кореја, Чунг Сје-Кјун, изјави дека треба да се проверат условите на работа во магацините на фирмите кои работат со онлајн продажба.

Министерот за здравство, Парк Неунг-Ху, соопшти дека меѓу вработените во магацинот на фирмата „Купанг“ се потврдени голем број заразени.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın