Балкан

Во Охрид се одржа конференција на министрите за култура од Југоисточна Европа

- На состанокот присуствуваа министри, заменик-министри и делегации од Албанија, Турција, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, Молдавија, Бугарија, Грција, Романија, како и бројни експерти од областа

Shpetim Hiseni  | 12.12.2025 - Обновена : 12.12.2025
Во Охрид се одржа конференција на министрите за култура од Југоисточна Европа

СКОПЈЕ (АА) - Во Охрид се одржа дводневна министерска конференција на „Советот на министри за култура од Југоисточна Европа – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“ (КОМОКОСЕЕ), во организација на Министерството за култура и туризам на Северна Македонија, кое претседава со овој регионален механизам, пренесува Анадолу.

На состанокот присуствуваа министри, заменик-министри и делегации од Албанија, Турција, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, Молдавија, Бугарија, Грција, Романија, како и бројни експерти од областа.

Конференцијата се фокусираше на зајакнување на регионалната културна соработка, заштитата на наследството и улогата на културата во одржливиот развој.

На конференцијата, со акламација беше усвоена „Охридска декларација 2025“, документ кој, според соопштението на Министерството за култура и туризам, ја потврдува заедничката посветеност на земјите од Југоисточна Европа за зајакнување на регионалната културна соработка, одржливиот развој и заштитата на културното наследство.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во своето воведно обраќање, ја нагласи важноста на заштитата на културното наследство, дигиталната трансформација и зголемената улога на локалните заедници, како клучни елементи за развој на современи културни политики

„Заедничката иницијатива за воспоставување Регионален фонд за културна соработка може да биде важен институционален чекор кој има потенцијал да обезбеди стабилност, предвидливост и професионализација на регионалните активности“, изјави тој.

Збор зеде и Магдалена Ландри, директорка на Регионалното биро на УНЕСКО за култура и наука во Европа со седиште во Венеција, која потенцираше дека Југоисточна Европа е регион со извонредно културно богатство, а нејзината културна разновидност ги одразува вековите креативност и издржливост, како и живиот идентитет на нејзините народи.

Следната, 2026 година, со Советот на министри за култура на Југоисточна Европа ќе претседава Република Молдавија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.