Коронавирус

Иранска пратеничка почина од последици на коронавирусот

Фатима Рахбар беше членка на Партијата на исламска коалиција, а во Парламентот беше избрана на 21 февруари

Ahmet Dursun  | 07.03.2020 - Обновена : 07.03.2020
Иранска пратеничка почина од последици на коронавирусот

Ankara

ТЕХЕРАН (АА) - Иранската пратеничка Фатима Рахбар почина од последици на вирусот Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Како што наведува новинската агенција „Тесним“, 56-годишната Рахбар починала во болница во која се лекувала од коронавирусот.

Таа беше членка на Партијата на исламска коалиција, а во Парламентот беше избрана на 21 февруари.

Во Иран, во рамките на борбата против коронавирусот забранет е влез во 17 покраини. Одлуката за забрана на влез во овие покраини ќе остане на сила до следната одлука.

Досега во Иран од последици на вирусот Ковид-19 починаа 124 лица. Регистрирани се 4.747 заразени со коронавирусот, додека 913 се излекувани.

Иранскиот министер за здравство, Саед Намаки, побара од граѓаните да заминуваат на одмор во време кога училиштата се затворени, до 20 март, што е воведено како дополнителна здравствена мерка.

Бројот на смртни случаи во светот изнесува приближно 3.500, а потврдени се над 100.000 случаи на заразени со овој вирус.

Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а случаи на лица заразени од Ковид-19 се потврдени во повеќе од 80 земји од светот. Светската здравствена организација (СЗО) прогласи многу високо ниво на глобална опасност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın