Гутереш: Ковид-19 предизвика најголема криза по Втората светска војна
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денес изјави дека вирусот Ковид-19 претставува најпредизвикувачка криза со која човештвото се соочува по Втората светска војна

ВАШИНГТОН
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денес изјави дека вирусот Ковид-19 претставува најпредизвикувачка криза со која човештвото се соочува по Втората светска војна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на ОН покрена нов план за да се спротивстави на социо-економските ефекти на пандемијата на коронавирусот и го повика светот да „дејствува заедно за да се намали ударот врз луѓето“.
Тој рече дека вирусот претставува стрес за сите во светот и има економски ефекти што би довело до рецесија.
„Комбинацијата на двата факти и ризикот што придонесува за засилена нестабилност, засилени немири и засилен конфликт ... нè натера да веруваме дека ова е навистина најпредизвикувачката криза со која се соочуваме по Втората светска војна“, рече тој.
Гутереш повика на „посилен и поефективен одговор“ против уништувачкото влијание на вирусот, велејќи дека тоа е можно само „доколку сите се здружат и ако ги заборават политичките игри и сфатат дека во прашање е човештвото“.
Според Меѓународната организација на трудот на ОН (ILO), ќе бидат укинати 5 до 25 милиони работни места, а САД ќе изгубат 860 милијарди долари до 3,4 трилиони американски долари од приход од трудот.
Конференцијата на ООН за трговија и развој (UNCTAD) предвидува намалување на притисокот од 30% до 40% врз глобалните странски директни инвестиции, додека Светската туристичка организација (UNWTO) забележа пад од 20% до 30% кај меѓународните пристигнувања.
Во светот има повеќе од 838.000 заразени лица и повеќе од 41.000 смртни случаи предизвикани од последици на заразеност со Ковид-19.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.