Во светот од вирусот Ковид-19 починаа над 20 илјади луѓе
Најголем број жртви до сега се регистрирани во Италија, таму од Ковид-19 починати се 7.503 лица

АНКАРА (АА) - Бројот на луѓе кои починаа од новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во светот ја надмина бројката од 20 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите од веб-страницата „Worldometer“, каде се регистрираат податоците во врска со Ковид-19 во државите и регионите, се гледа дека бројот на починати на светско ниво достигна 20.494, а бројот на потврдени случаи со вирусот се искачи на 452.156.
Најголем број жртви до сега се регистрирани во Италија, таму од Ковид-19 починати се 7.503 лица.
Шпанија е втора по Италија, со починати 3.434 лица.
Во Кина, земјата каде што се појави коронавирусот починаа 3.281 лице, и се наоѓа на третото место по бројот на смртни случаи.
Четвртата земја со најголем број смртни случаи во светот е Иран со 2.077 лица, а петта земја е Франција со 1100 лица.
Новиот вид на коронавирус што се појави во кинескиот град Вухан, досега се рашири во 200 земји.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.