свет, Коронавирус

Во светот досега со Ковид-19 се заразиле 95 милиони лица

Соединетите Американски Држави (САД) со 24.306.043 лица позитивни на коронавирусот се земја со највисока бројка на заразени во светски рамки

Emel Gözellik   | 17.01.2021
Во светот досега со Ковид-19 се заразиле 95 милиони лица

АНКАРА (AA) - Од новиот тип на коронавирус (Ковид-19) досега се заразени повеќе од 95 милиони луѓе во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците објавени од страна на интернет страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со бројката на починати и заразени во земјите од светот, досега Ковид-19 е детектиран кај 95.007.500 лица.

Соединетите Американски Држави (САД) со 24.306.043 лица позитивни на коронавирусот се земја со највисока бројка на заразени во светски рамки.

Земји во светот во кои бројката на лица кај кои е детектиран коронавируст надминува 1 милион се:

Индија 10.558.710, Бразил 8.456.705, Русија 3.568.209, Велика Британија 3.357.361, Франција 2.894.347, Турција 2.380.665, Италија 2.368.733, Шпанија 2.252.164, Германија 2.38.645, Колумбија 1.891.34, Аргентина 1.791.979, Мексико 1.630.258, Полска 1.429.612, Јужноафриканска Република 1.325.659, Иран 1.324.395, Украина 1.154.692 и Перу 1.60.567.

Од последици предизвикани од Ковид-19 досега во светот починаа 2.032.111 лица, а оздравеа 67.835.489 лица позитивни на коронавирусот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın