свет, Коронавирус

Во Кина потврдени 36 нови случаи на Ковид-19, а од овој вирус починаа 7 лица

Има само едно локално заразено лице од покраината Гуангдонг. Седум пациенти заразени со коронавирус, од кои шест во покраината Хубеи и еден во Шангај, починаа вчера

Islam Uddin  | 01.04.2020 - Обновена : 02.04.2020
Во Кина потврдени 36 нови случаи на Ковид-19, а од овој вирус починаа 7 лица

АНКАРА (АА) - Во Кина денес се потврдени 36 нови случаи на заразување со Ковид-19, а 35 од нив неодамна се вратиле од странство, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според новинската државна агенција „Синхуа“, има само едно локално заразено лице од покраината Гуангдонг.

Седум пациенти заразени со коронавирус, од кои шест во покраината Хубеи и еден во Шангај, починаа вчера.

Во соопштението на Националната здравствена комисија на Кина се вели дека досега не се регистрирани смртни случаи од увезените случаи на зараза.

„Потврдени се 691 увезен случај на зараза, 20 се во критична состојба и за 169 лица се сомнева“, се вели од Комисијата.

По епидемијата со новиот тип коронавирус што се појави во кинескиот град Вухан во декември минатата година, вирусот неодамна се прошири во уште најмалку 180 земји и региони низ светот, а Европа стана епицентар на пандемијата, додека Кина излегува од кризата.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во светот од коронавирусот се заразени повеќе од 859.796 луѓе. Од последиците предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус починаа повеќе од 42.341 лице, а излекувани се 178.301 лице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın