Турција, Коронавирус

Во Истанбул вакцинирани над 150.000 здравствени работници

„Досега вакцинирани се 150.186 наши здравствени работници. Вакцинирани се нашите 3.703 гости, заедно со 2.272 лица од персоналот, во центрите за згрижување лица со посебни потреби и домови за стари лица“

Burak Dağ   | 20.01.2021
Во Истанбул вакцинирани над 150.000 здравствени работници

ИСТАНБУЛ (АА) - Повеќе од 150.000 здравствени работници ја примија првата доза на вакцината против Ковид-19 во Истанбул, јавува Агенција Анадолија (АА).

Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, на Твитер напиша: „Досега вакцинирани се 150.186 наши здравствени работници. Вакцинирани се нашите 3.703 гости, заедно со 2.272 лица од персоналот, во центрите за згрижување лица со посебни потреби и домови за стари лица“.

Првата пратка од 3 милиони дози од вакцината развиена од кинеската компанија „Синовак“ во Турција пристигна на 30 декември.

Покрај здравствените работници, вакцинирани се и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и некои високи функционери со цел да ја охрабрат јавноста.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.