Во Германија нов рекорд во дневниот број на заразени со Ковид-19
Германскиот државен Институт „Роберт Кох“ (RKI) објави дека ова е рекорден дневен број на заразени од почетокот на пандемијата и дека вкупниот број на случаи на заразување во земјата е зголемен на 348.557

БЕРЛИН
Во Германија, во последните 24 часа се регистрирани 7.334 заразени со Ковид-19, што е нов рекорден скок на новозаразени во еден ден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Германскиот државен Институт „Роберт Кох“ (RKI) објави дека ова е рекорден дневен број на заразени од почетокот на пандемијата и дека вкупниот број на случаи на заразување во земјата е зголемен на 348.557.
Во последните 24 часа во таа земја се регистрирани 24 нови смртни случаи поврзани со Ковид-19, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 9.734.
Од почетокот на пандемијата во Германија од Ковид-19 оздравеа 287.600 пациенти.
Германската Влада ги прогласи цела Холандија и Франција за „зони на ризик“, откако во тие земји нагло е зголемен бројот на заразени.
Германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост поради сѐ поголемиот број на случаи на заразување.
„Нашиот здравствен систем, но ниту економскиот, не можат да го издржат вториот бран на Ковид-19“, изјави Меркел.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.