Cüneyt Karadağ
07 август 2020•Ажурирај: 07 август 2020
БЕРЛИН
Во Германија, во последните 24 часа откриени се уште 1.147 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на откриени случаи во земјата порасна на 214.214, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет-страницата на Институтот „Роберт Кох“, во последните 24 часа откриени се 1.147 случаи со овој вирус.
Со оваа бројка, во Германија е регистриран најголемиот пораст од мај досега.
Во земјата од Ковид-19 досега починаа 9.183 лица, додека бројот на излекувани изнесува 195.900.