Sena Güler
07 август 2020•Ажурирај: 08 август 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша два извршни декрети со кои се забрануваат зделки на поединци и компании во САД со кинеските сопственици на апликациите „ТикТок“ и „ВиЧат“, со почеток од 20 септември, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во двата посебни декрети се наведува дека зголемувањето на бројот на мобилни апликации развиени од кинески компании во САД продолжува да ја загрозува националната безбедност, надворешната политика и економијата на земјата.
Меѓу другото, во двата декрети се наведува дека САД, за да ја заштитат својата национална безбедност, мора да преземат агресивни мерки против сопствениците на „ТикТок“ и „ВиЧат“.
Трамп претходно на потенцијалните купувачи на американскиот огранок на апликацијата „ТикТок“ им даде рок до 15 септември да склучат договор, упатувајќи закани дека доколку не дојде до тоа, тој ќе го забрани „ТикТок“ во земјата.
Изразувајќи загриженост за безбедноста, Трамп истакна дека не сака „ТикТок“ да биде под контрола на Кина.