свет, Коронавирус

Велика Британија: Вакцините против Ковид-19 спречиле 60 илјади смртни случаи

Според извештајот објавен од страна на Агенцијата за јавно здравје на Велика Британија, пресметките открија дека 60 илјади смртни случаи и 22.000.057 случаи со коронавирусот се спречени како резултат на програмата за вакцинација против Ковид-19

Zuhal Demirci   | 30.07.2021
Велика Британија: Вакцините против Ковид-19 спречиле 60 илјади смртни случаи

ЛОНДОН (АА) - Се проценува дека во Велика Британија вакцините против Ковид-19 спречиле 22 милиони случаи на Ковид-19 и смрт на 60 илјади луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според извештајот објавен од страна на Агенцијата за јавно здравје на Велика Британија, пресметките открија дека 60 илјади смртни случаи и 22.000.057 случаи со коронавирусот се спречени како резултат на програмата за вакцинација против Ковид-19.

Покрај тоа, се проценува дека вакцините директно спречуваат повеќе од 52.600 хоспитализации.

Професорот Џонатан Ван-Там, заменик-директор за здравство на Велика Британија, осврнувајќи се на извештајот, рече дека тоа е навистина голем успех.

Ван-Там исто така рече дека повторното затворање би било со „многу помала можност“ доколку се вакцинира поголем дел од населението, вклучително и лицата на возраст од 18 до 25 години.

Наведувајќи дека сѐ уште не знае дали ќе има четврти бран на Ковид-19 во Велика Британија, Ван-Там додаде: „Се надевам дека најлошото е зад нас, но сосема е можно наесен и во зима да имаме еден или два периоди, не само со Ковид-19, туку и со грип и други респираторни вируси.“

Во земјата, каде што програмата за вакцинација започна на 8 декември 2020 година, бројот на луѓе кои ја примиле првата доза од вакцините против Ковид-19 достигна 46.733.115, додека 37.782.252 се вакцинирани со втората доза.

​​​​​​​Во Велика Британија вчера се регистрирани 31.117 нови случаи и 85 смртни случаи како резултат на вирусот.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.