свет, Коронавирус

Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 достигна 2 милиони и 163 илјади

Во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 13.398 нови случаи на Ковид-19.

Adam Abu-bashal   | 29.11.2020
Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 достигна 2 милиони и 163 илјади

АБУЏА

Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 2 милиони и 163 илјади, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на континентот дијагностицирани се 13.398 нови случаи на Ковид-19.

Со тоа, вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот во Африка се искачи на 2.163.810.

Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 230 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 51.589.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (21.439), по која следуваат Мароко (5.739) и Египет (6.621).

Во Еритреја и на Сејшелските Острови досега не се регистрирани смртни случаи предизвикани од Ковид-19.

Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (785.139), по која следуваат Мароко (349.688) и Египет (115.183).

Во Африка од коронавирусот досега оздравеле вкупно 1.825.367 лицa.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın