свет, Коронавирус

Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 достигна речиси 1,7 милиони

- Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 1,7 милиони

Adam Abu-bashal   | 23.10.2020
Африка: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 достигна речиси 1,7 милиони

АБУЏА

Бројот на дијагностицирани случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) на африканскиот континент достигна речиси 1,7 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент дијагностицирани се уште 10.970 случаи на Ковид-19.

Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.696.418.

Исто така, во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 216 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се зголеми на 40.760.

Најмногу смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани во Јужноафриканската Република (18.843), по која следуваат Египет (6.166) и Мароко (3.132).

На Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.

Најмногу случаи на Ковид-19 се откриени во Јужноафриканската Република (710.515), по која следуваат Мароко (186.731) и Египет (106.060).

Во Африка од вирусот досега оздравеа вкупно 1.390.786 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın