свет, Коронавирус

Авганистански министер за здравство: Ситуацијата со Ковид-19 излезе од контрола

Авганистанскиот министер за здравство, Ахмад Џавад Османи изјави дека постои претпоставка дека во таа земја со Ковид-19 се заразени речиси 10 милиони лица

Sayed Khodaiberdi Sadat   | 05.08.2020
Авганистански министер за здравство: Ситуацијата со Ковид-19 излезе од контрола

КАБУЛ

Авганистанскиот министер за здравство, Ахмад Џавад Османи изјави дека постои претпоставка дека во таа земја со Ковид-19 се заразени речиси 10 милиони лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Османи во изјава за медиумите потврди дека со поддршката на Светската здравствена организација (СЗО) и Универзитетот Џон Хопкинс било спроведено ново истражување.

„Според резултатите на истражувањето, бројот на заразени со новиот тип на коронавирус во Авганистан изнесува речиси 10 милиони, односно 31,5 отсто од населението“, изјави Османи.

Тој напомена дека постои претпоставка дека половина од населението на Кабул е заразено со Ковид-19, а дека поголемиот дел го сочинуваат деца.

Османи изјави дека во поголемите градови се регистрирани повеќе случаи на заразување и дека ситуацијата со Ковид-19 во Авганистан излегла од контрола.

Министерот предупреди на можност за појава од друг бран на заразата.

Според податоците на авганистанското Министерство за здравство, борбата со Ковид-19 во таа земја ја загубија 1.288 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın