живот

Земјоделците во Бангладеш комбинираат традиционални методи и модерни технологии за сушење на земјоделските производи

Најголем дел од земјоделците сè уште ги сушат оризот и другите житни култури така што ги распостилаат под сонце во дворовите, покрај патиштата или на бамбусови подлоги

Aida Cako  | 26.01.2026 - Обновена : 26.01.2026
 Земјоделците во Бангладеш комбинираат традиционални методи и модерни технологии за сушење на земјоделските производи Фото: Ümmü Nisan Kandilcioğlu/АА

ДАКА (АА) – Земјоделците во главниот град на Бангладеш, Дака, и неговата околина и понатаму во голема мера ги користат традиционалните методи за сушење на земјоделските производи, но интересот за модерни технологии постепено расте поради климатските услови и зголемените загуби на посевите, jавува Анадолу.

Најголем дел од земјоделците сè уште ги сушат оризот и другите житни култури така што ги распостилаат под сонце во дворовите, покрај патиштата или на бамбусови подлоги.

Овој начин на сушење, кој со генерации се применува во руралните и урбаните средини, во голема мера зависи од временските услови и често ги изложува производите на влага, загадување и штети.

Во исто време, во земјата сè поголема примена добиваат современите решенија, како соларните сушници со оџак за овошје и зеленчук, како и специјалните апсорбирачки зрнца за намалување на влагата во семињата. Овие технологии овозможуваат побрзо и поефикасно сушење, со помали загуби и подобар квалитет на производите.

Со постепеното воведување нови технологии земјата се обидува да го зајакне својот аграрeн сектор и да се приспособи на предизвиците што ги носат климатските промени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.