Турската поп ѕвезда Таркан се ожени со своја обожавателка
Таркан се ожени со своја голема обожавателка Пинар Дилек во Истанбул

Istanbul
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската поп икона, пејачот Таркан, се ожени со својата обожавателка Пинар Дилек во саботата, објави денес неговиот соработник за односи со јавноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Свадбената церемонија се случи во градината на 43-годишниот пејач во домот во Истанбул, објави преку соопштение турската ПР агенција.
Во соопштението се додава дека свадбениот прием брачниот пар ќе го одржи во наредните денови.
Како што наведуваат локалните медиуми, Дилек (30) е родена во Германија, исто како и Таркан, а двајцата се заедно веќе пет години.
Деби албумот на Таркан "Yine Sensiz" (Повторно без тебе) издаден во 1992 година, беше распоредаден во 700.000 примероци во Турција.
Наградуваниот турски поп изведувач со World Music Award е познат по своите текстови со роматични теми поради што е наречен „Принц на попот” од страна на медиумите.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.