живот

Слон уби 25-годишна ветеринарка во Индонезија

Варапасари која се грижела за обука на слоновите на вештачкото езеро Гаџа Мунгкур во Централна Јава, била нападната од еден суматрански слон додека се обидувала да направи неколку фотографии од ова сликовито место

Ekipa  | 11.05.2016 - Обновена : 12.05.2016
Слон уби 25-годишна ветеринарка во Индонезија

Solo

СОЛО (АА) - Суматрански слон ја уби ветеринарката Oктавиа Варапасари додека сликала фотографии во туристичкиот град на индонезискиот остров Јава, пренесува Anadolu Agency (AA).

Варапасари која се грижела за обука на слоновите на вештачкото езеро Гаџах Мунгкур во Централна Јава, била нападната од еден Суматрански слон, додека се обидувала да направи неколку фотографии од ова сликовито место.

Пардијанто, официјален претставник на местото, рече дека за време на нападот Варапасари се обидела да избега, но дека слонот ја фатил со сурлата ја фрлил на земја и ја прегазил.

Дваесет и петгодишната ветеринарка починала веднаш по здобиените повреди. Двата слона беа донесени минатиот месец од зоолошката градина во соседниот град со цел да се привлечат повеќе туристи.

Се верува дека во дивината останале само 3.000 Суматрански слонови, на кои поради лов им се заканува истребување.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın