живот, култура и уметност

Режисерот Кристофер Нолан ќе ја добие титулата витез

Почесните титули се доделуваат формално на церемонија во Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон, најчесто од страна на британскиот монарх.

Burak Bir  | 29.03.2024 - Обновена : 01.04.2024
Режисерот Кристофер Нолан ќе ја добие титулата витез

ЛОНДОН (АА) - Британско-американскиот филмски режисер, продуцент и сценарист Кристофер Нолан ќе ја добиe титулата витез, а неговата сопруга, филмската продуцентка Ема Томас, ќе ја доби титулата дама од Велика Британија за достигнувањата на полето на филмот, пренесува Анадолу.

Почесните титули се доделуваат формално на церемонија во Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон, најчесто од страна на британскиот монарх.

Претходно овој месец Нолан го освои својот прв Оскар за најдобра режија за „Опенхајмер“, драматичен биографски филм за пронаоѓачот на атомската бомба.

„Опенхајмер“ ги освои годинашните Оскари во Холивуд на 11 март, освојувајќи седум статуетки, вклучително и главната награда за најдобар филм.

Претходно, 53-годишниот режисер беше номиниран за шест награди Оскар, но до оваа година нема добиено Оскар за режија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.