живот

Рането дете од Сирија, пресреќно откако доби копачка и дрес потпишани од Мухамед Салах

Осумгодишниот Хамис ел Гаџир, кој ја изгуби својата десна нога во бомбардирањата на воените авиони во сириски Идлиб, е пресреќен откако доби копачка и дрес потпишан од египетската ѕвезда на Ливерпул, Мухамед Салах

Cem Genco  | 19.02.2020 - Обновена : 20.02.2020
Рането дете од Сирија, пресреќно откако доби копачка и дрес потпишани од Мухамед Салах Фото: Cem Genco/AA

ХАТАЈ (АА) – ЏЕМ ГЕНЏО –

Осумгодишниот Хамис ел Гаџир, кој ја изгуби својата десна нога во бомбардирањата на воените авиони во сириски Идлиб, е пресреќен откако доби копачка и дрес потпишан од неговиот омилен фудбалер, египетската ѕвезда на Ливерпул, Мухамед Салах, пишува Агенција Анадолија (АА).

Хамис ел Гаџир, по бомбардирањата прибежиште најде во Турција, каде што му ставија протеза за нога.

Гаџир, десната нога ја загуби при нападот на режимските воени авиони врз руралните области во Идлиб пред 1,5 година. Тој, заедно со татко му, дојде во областа Рејханли, Хатај, Турција, за да се лекува.

Еден хуманитарец којшто на интернет ги видел снимките како детето со протеза нога игра фудбал и дека е обожавател на египетската супер ѕвезда Мухамед Салах, контактирал со семејството на детето.

Хуманитарецот кој живее во Велика Британија, за Хамис испратил копачки и дрес потпишан од Мухамед Салах.

- „Го сакам фудбалот“ -

Хамис за дописникот на АА истакна дека многу жали затоа што не може да игра фудбал, поради повредата по нападот врз нивниот дом.

Раскажувајќи дека по нападот се преселиле во Рејханли, Хамис рече: „Многу го сакам фудбалот, многу бев тажен затоа што останав без една нога и затоа што нема да можам да играм фудбал. Благодарам на Бога, во Турција ми ставија нога протеза. Многу го сакам Мухамед Салах. Многу сум среќен што ги имам неговите копачки. Се надевам дека ќе се запознаам со него. Би сакал да играм во Турција, во фудбалските клубови на лица со ампутирани екстремитети.“

- „Неговиот сон беше да стане голем фудбалер“ -

Мухамед Сера ел Гаџир, таткото на Хамис, рече дека докторите од Турција неговиот син повторно го вратиле во живот.

Објаснувајќи дека фудбалот има многу важно место во животот на неговиот син, Гаџир рече: „Неговиот сон беше да биде голем фудбалер, но неговата нога протеза малку го спречи во тоа. Мојот син е фан на Мухамед Салах. Еден хуманитарец од Велика Британија ги видел неговите снимки на интернет со нога протеза и контактираше со нас. Да е жив и здрав, ни прати копачки и дрес потпишан од Салах. Тоа многу нѐ израдува.“

Гаџир исто така додаде дека неговата сопруга останала во Идлиб и дека сакаат да се сретнат што е можно поскоро.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.