свет, живот

Педалните рикши и моторизираните трицикли, популарни превозни средства во Дака

Педалните рикши, кои се користат со децении, остануваат омилен избор на граѓаните поради нивната ниска цена, еколошката природа и способноста лесно да се движат низ тесните улички на градот

Aida Cako  | 22.01.2026 - Обновена : 23.01.2026
Педалните рикши и моторизираните трицикли, популарни превозни средства во Дака Фото: Ümmü Nisan Kandilcioğlu/AA

ДАКА (АА) – Педалните рикши и моторизираните трицикли и понатаму играат клучна улога во секојдневниот транспорт во главниот град на Бангладеш, Дака, каде што густината на сообраќајот и тесните улици бараат практични и достапни превозни решенија, пишува Анадолу.

Педалните рикши, кои се користат со децении, остануваат омилен избор на граѓаните поради нивната ниска цена, еколошката природа и способноста лесно да се движат низ тесните улички на градот.

Тие претставуваат составен дел од урбаната култура и препознатливи се по живописните и шарени украси, кои ги прават визуелно впечатливи и ги издигнуваат до статус на културна икона.

Покрај рикшите, значајна улога имаат и моторизираните трицикли, локално познати како „тук-тук“ или „бејби такси“, кои се користат за кратки и средни релации. Овие возила стануваат сè поприсутни во градскиот сообраќај, особено со зголемената употреба на електрични модели, што ги прави поеколошка алтернатива во споредба со класичните возила со фосилни горива.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.