живот, култура и уметност

Непалските граѓани со танц го слават фестивалот Холи - доаѓањето на пролетта

- Според традиционалното верување, оваа прослава ја означува конечната победа на доброто над злото и затоа фестивалот Холи се одржува во последните денови од зимата.

Vesna Besic  | 24.03.2024 - Обновена : 26.03.2024
Непалските граѓани со танц го слават фестивалот Холи - доаѓањето на пролетта Фото: Сунил Прадан

КАТМАНДУ (АА) - Фестивалот Холи - древен хинду фестивал познат и како „Фестивал на боите“, кој се слави ширум светот на почетокот на март, се одржа на брегот на непалското езеро Фева, известува Анадолу.

Најголемите прослави се одржуваат во Индија и околните земји, каде илјадници луѓе го слават овој фестивал секоја година.

Со шаренолик огномет и непрекинато играње се одржа прославата во чест на почетокот на пролетната сезона. Граѓаните облечени и нашминкани во бои кои ја навестуваат пролетта, го прославија заминувањето на зимата.

Според традиционалното верување, оваа прослава ја означува конечната победа на доброто над злото и затоа фестивалот Холи се одржува во последните денови од зимата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın