живот

Италијанка со ждрепка стана сопственичка на слика на Пикасо вредна 1 милион евра

Во аукциската куќа „Кристис“ во Париз се одржа електронска ждрепка за сликата „Nature Morte“ на Пикасо, која според организаторите вреди 1 милион евра

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 21.05.2020 - Обновена : 25.05.2020
Италијанка со ждрепка стана сопственичка на слика на Пикасо вредна 1 милион евра

ПАРИЗ (АА) – Италијанка со ждрепка на една организација за добротворни цели во Франција, стана добитничка на слика масло на платно на сликарот Пабло Пикасо, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во аукциската куќа „Кристис“ во Париз се одржа електронска ждрепка за сликата „Nature Morte“ на Пикасо, која според организаторите вреди 1 милион евра.

Победникот на ждрепката е Италијанката Клаудија Боргонo. За ждрепката беа продадени 51.140 билети кои чинеа по 100 евра, во повеќе од 100 земји.

Наведено е дека приходите од продажбата на билетите ќе бидат потрошени за испорака на вода до села во Мадагаскар и Камерун.

Организаторите соопштија дека среќниот билет во Италија го купил некое друго лице, кое во декември билетот го подарил на Боргоно.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.