живот

Истражувуње: Правилните вежби ги неутрализираат болките во грбот

Констатирано е дека болката во долниот дел на грбот е намалена за 35 проценти кај испитаниците кои вежбаат повеќе од една година

Amina Zorniç  | 12.01.2016 - Обновена : 15.01.2016
Истражувуње: Правилните вежби ги неутрализираат болките во грбот

СИДНЕЈ

СИДНЕЈ (АА) - Истражувањето на Универзитетот во Сиднеј покажа дека повеќето луѓе со болки во грбот погрешно пристапуваат кон овој здравствен проблем, јавува Anadolu Agency (АА).

Студијата со најновите откритија ја "демантираа" теоријата на скоро 20 проценти од истражувањата, кои претходно погрешно го проценуваа третманот на болка, особено во долниот дел на грбот.

Најновото истражување потврди дека вежбањето значително помага во намалување на болката во грбот.

Врз основа на податоците собрани од речиси 30 илјади учесници во студијата, откриено е дека правилното вежбање е добро за намалување на болката и понатамошен ризик од болки во грбот.

Констатирано е дека болката во долниот дел на грбот е намален за 35 проценти кај испитаниците кои вежбаат повеќе од една година. После тој експеримент, болката во грбот е намалена за 45 проценти кај оние кои практикуваат правилно седење и правилно кревање на тешки предмети. Од друга страна, студијата не можеше да ја најде улогата на носењето влошки за чевли или колани за грб, кои наводно ја намалуваат болката во грбот.

"Колку повеќе правите вежби за грбот, поголема е веројатноста да го задржите силен, здрав и во добра форма", рече физиотерапевтот и истражувач на Универзитетот во Сиднеј, Крис Махер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın