Истанбул: Необична моминска вечер под вода
Сејхан Аџар, членка на еден клуб за нуркање од Истанбул, одлучи моминската вечер да ја организира под површината на водата, на која се придружија и нејзините пријателки
Istanbul
ИСТАНБУЛ (АА) - Обичајот на традиционални момински вечери или ноќи на каната, како што се нарекува обичајот во Турција, за невестата Сејхан Аџар и нејзините пријателки беше едно необично искуство, јавува Anadolu Agency (AA).
Аџар, инаку членка на еден клуб за нуркање од Истанбул, одлучи моминската вечер да ја организира под површината на водата, на која се придружија и нејзините пријателки.
Тие се потрудија идната невеста да го носи традиционалниот црвен вел, а во рацете ѝ ставија златник, па дури и заиграа под вода.
Идниот младоженец, Ердинч Чорухлу, по кратко нуркање се обиде да набљудува од површината.
Необичната моминска вечер со камера ја забележа претседателот на нуркачкиот клуб, Џем Карабај.
Иднината невестата по малата подводна забава изјави дека моминската вечер сакала да ја помине таму каде што е најсреќна.