свет, живот

Вработени во клиника се грижат за Гарип, шестдневно младенче ној

Младенчето ној, кое се родило пред шест дена во природниот парк, персоналот го донело во клиниката бидејќи мајката не се грижела за него

Fevzi Kemal Karagöz  | 05.03.2025 - Обновена : 06.03.2025
Вработени во клиника се грижат за Гарип, шестдневно младенче ној

Газиантеп

Вработените во клиниката ја презедоа грижата за младенчето ној Гарип, кое е родено пред шест дена во природниот парк во Газиантеп, а за кое не се грижела неговата мајка, известува Анадолу.

Младенчето ној, кое се родило пред шест дена во природниот парк, персоналот го донело во клиниката бидејќи мајката не се грижела за него.

Младенчето ној, за кое целосна грижа обезбедува персоналот, го доби името Гарип. Персоналот на клиниката со мајчинско чувство се грижи за Гарип кој се храни со специјална храна.

Раководителот на Одделот за заштита на природниот живот во Општина Газиантеп, Џелал Озсојлер, за дописникот на АА изјави дека мајката на Гарип не се грижела за него и тој останал сам.

Озсојлер објаснува дека Гарип го хранат со посебна храна и вели:

„Покрај хранењето, на младенчето ној му даваме и црви морио, вид инсекти богати со протеини. Дневно му даваме по 4-5 црви морио. На тој начин му обезбедуваме брз развој хранејќи го со храна богата со протеини. Младенчето ној го чуваме на одделението за интензивна нега каде што температурата е 25 степени, со влажност од 65%. Откако ќе достигне одредена големина, ќе го вратиме кај мајка му.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın