Dzihat Aliju
13 Мај 2025•Ажурирај: 17 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) - Мобилниот музеј „Битките кај Чанаккале“ од Турција ги отвори вратите за посетителите во Скопје, јавува Анадолу.
Музејот, во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ), го посетија граѓани од различна возраст, ученици и студенти.
Зборувајќи на церемонијата по повод отворањето на мобилниот музеј за посетителите, амбасадорот на Турција во Северна Македонија, Фатих Улусој, им се заблагодари на оние кои придонесоа за реализација на оваа организација.
Ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, изрази дека ИБУ е горд што е домаќин на ваков важен настан.
Директорот на Историскиот локалитет на Битките кај Чанаккале во Гелиболу, Исмаил Кашдемир, исто така, им се заблагодари на оние кои ја поддржаа организацијата на еден ваков настан.
Освен во Скопје, мобилниот музеј претходно беше и во Тетово, Центар Жупа и Охрид.
Покрај Северна Македонија, мобилниот музеј посети и други балкански земји како Косово, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Овој мобилен музеј содржи артефакти од битките кај Чанаккале и нуди дигитални прикази.
Музејот, кој беше подготвен со цел да го пренесе духот на Чанаккале на идните генерации, содржи фотографии, воени предмети, историски артефакти од тој период, како и дигитални прикази.