живот, култура и уметност

Авто и етномузејот во Битола ги носи своите посетители на патување низ времето

Авто и етномузејот „Филип“ во близина на Битола, ги носи своите посетители на патување низ времето. Сопственикот Борис Таневски, во изјава за Анадолу ги раскажа карактеристиките на музејот и колекцијата на возила што ја собрал низ годините.

Dzihat Aliju  | 02.10.2023 - Обновена : 05.10.2023
Авто и етномузејот во Битола ги носи своите посетители на патување низ времето Фото: Џихад Алију / АА

БИТОЛА (АА)

- Џихад АЛИУ


Авто и етномузејот „Филип“, што се наоѓа во близина на Битола, ги носи своите посетители на патување низ времето.

Анадолу го посети и сними музејот, што се наоѓа во селото Крклино, на околу 10 километри од центарот на Битола.

Сопственикот и иницијатор за отворање на музејот, Борис Таневски, во изјава за Анадолу ги раскажа карактеристиките на музејот и колекцијата на возила што ја собрал низ годините.

Kласичните автомобили, мотоцикли, велосипеди и разни алатки што се наоѓаат во овој музеј особено го привлекуваат вниманието на домашните и странските посетители.

Меѓу возилата што се изложени во овој музеј се „симка аријане“ од 1953 година, како и класичните возила „форд таунус“, „плимут валијант“ и „москвич“.

Покрај автомобилите, вниманието на посетителите го привлекуваат и старите модели на мотоцикли и велосипеди.

На вториот кат од музејот има и посебни простории именувани како турски, еврејски и селски соби.

Во овие простории, посетителите ги пречекуваат разни видови предмети и облека што припаѓаат на гореспоменатите култури.

Музејот годинава најмногу бил посетуван од турски и холандски туристи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.