економија

„Туркиш ерлајнс“ ги откажува летовите за Грција

- Грчките контролори на воздушен сообраќај ќе штрајкуваат во четврток и сите летови до и од Грција ќе бидат приземјени

Tuba Onğun  | 15.03.2023 - Обновена : 16.03.2023
„Туркиш ерлајнс“ ги откажува летовите за Грција

АНКАРА (АА) - Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека се откажани летовите до и од Грција поради претстојниот 24-часовен штрајк во земјата, пренесува Анадолу.

Контролорите на воздушен сообраќај во Грција ќе се вклучат во штрајкот во четврток поради смртоносната железничка несреќа што пред извесно време се случи во земјата.

„Нашите летови во четврток ќе бидат откажани од Истанбул до Атина и Солун и обратно“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

На 28 февруари патнички воз се судри со товарен воз во близина на градот Темпи во северната провинција Лариса во Грција.

Официјалниот број на загинати изнесува 57, меѓу кои многу студенти и девет члена на екипажот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.